Ужасен почеток на Вимблдон: Двократната финалистка расплакана, „мистерија“ е што ѝ се случи

Немили сцени го одбележаа мечот по кој двократната финалистка на Вимблдон, Онс Жабер мораше да го предаде мечот. Жабер која во 2022 и 2023 година играше во финалињата на турнирот во Лондон, мораше да го предаде дуелот против Викторија Томова.

Засега неразјаснати се причините поради кои Жабер мораше да го напушти теренот, откако и се слоши. Искусната 30-годишна тенисерка во еден момент се повлече од теренот, заплаче и побара медицинска помош. Неколку моменти подоцна, Жабер беше приморана да се повлече и да го предаде натпреварот.

Мечот траеше само 26 минути. Засега уште не се знае зошто Жабер се повлече.

Тунижанката се покри со крпа и се обиде да ги скрие солзите, лекарите ѝ го измерија крвниот притисок, а потоа ја отстранија од теренот. Таа се врати на теренот, се обиде да одигра уште неколку гејма, а потоа одлучи да го предаде мечот на почетокот од вториот сет.

Температурата на терените на Вимблдон достигнува и до 30 степени, нешто што е незамисливо на неофицијалното Светско тениско првенство.

- Оглас -

Најнови вести