Ужасна вест ги потресе Наполи и Милан, почина сестрата на Гатузо

Денеска почина 37-годишната сестра на тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо. Клубот во кој игра и Елиф Елмас изрази сочувство до својот тренер и ја сподели тагата за прерано починатата Франческа која од февруари беше во болница во градот Варезе.

Гатузо за тешката и ретка болест на сестра му и итната операција дозна на 3 февруари, дента кога Наполи играше со Сампдорија, па затоа и по мечот не се појави на прес-конференција, туку веднаш замина да ја посети, а веста за нејзината смрт ја дозна утрово, на теренот за тренинг во Кастел Волтурно.

Веста за смртта на Франческа ги потресе и во Милан, клубот во кој таа работеше како секретарка цели 14 години, а и Гатузо голем дел од својата кариера како играч ја мина во Милан.

- Оглас -

Најнови вести