По ужасните сцени кои денеска беа видени во Англија на натпреварот помеѓу Нотингам и Борнмут, слични сцени беа видени и во Франција.
На натпреварот помеѓу Нотингам и Борнмут настрада Данило, кој го скрши зглобот на левата нога. Данило, по еден дуел, лошо доскокна, при што му пукна ногата, а сè беше ужасно за гледање.
Уште полоши сцени се видени и во Франција на натпреварот меѓу Реимс и Лил.
По дуелот меѓу Амаду Коне од Реимс и Анхел Гомес, играчот на Лил остана да лежи на земја.
Angel Gomes pic.twitter.com/z4sdu7KS7A
— La Horda Escarlata(@Cilg1992Ivan) August 17, 2024
Играчот на домашниот тим доби црвен картон, но сигурно тоа не е никаква утеха за фудбалерот на гостинскиот тим кој настрада. Според реакциите на сите на теренот, ситуацијата е повеќе од сериозна, а наводно станува збор за повреда на главата кај Анхел Гомес.
Фудбалерот на Лил лежеше неподвижен на тревата повеќе од половина час, а продолжувањето на натпреварот беше под знак прашалник.
Конечно, Гомес беше изнесен од теренот по повеќе од половина час, и натпреварот беше продолжен. Судијата одреди продолжување од дури 34 минути во првото полувреме.