Ужасни сцени: Тенисер колабираше на терен (Видео)

И тенисот станува суров спорт, а тоа најдобро го почувствува Никола Кун. Младиот шпански тенисер колабираше на сред терен додека играше против Миша Зверев, на АТП-турнирот во Мајами.

Кун го доби првиот сет со 6:4, а потоа во вториот имаше предност од 5:2, но тогаш почувствува слабост. Тоа го искористи Зверев и направи пресврт, па Германецот го доби вториот сет со 7:5. Во решавачкиот трет сет беше 2:2, а Кун се подготвуваше да врати еден удар, но наеднаш падна. Шпанецот едноставно немаше сили да продолжи и беше изнесен од теренот. Мечот кој траеше повеќе од два часа беше прекинат, а Кун со огромен аплауз беше испратен од публиката.

https://twitter.com/i/status/1108500952917725184

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести