Ужасно е тоа што се случувало во ОФС Охрид: Во записникот имало и починато лице, фиктивни записници, судии кои воопшто не суделе

Една од главните одлуки на денешната седница на Управниот одбор на ФФМ беше суспензијата за Општинскиот фудбалски сојуз ОХРИД.

ОФС Охрид е суспендиран поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија. По темелната постапка, УО на ФФМ и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, дошле до податоци за фалсификување на записници за натпревари кои не се одиграни, т.н. фиктивни записници.

Увидот во КОМЕТ системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите. Судиите со писмени изјави потврдиле дека биле внесувани во записници без нивно знаење и согласност, односно воопшто не суделе на натпреварите, а некои од нив не се ниту судии, а се заведени на тие натпревари како да суделе.

Комлетната „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид не постои, односно е измислена. Со ваквите дејствија е нарушен интегритетот на натпреварувањето и довербата во работењето на сојузот. ФФМ ќе поднесе дисциплинска пријава против претседателот и секретарот на ОФС Охрид до соодветната дисциплинска комисија, со предлог за преземање дополнителни мерки, согласно Дисциплинскиот правилник и Статутот на ФФМ.

ФФМ најави комплетно расчистување на сите сомнителни ситуации и во останатите Општински фудбалски сојузи.

- Оглас -

Најнови вести