Вајлдер: Не се шегувам, прво ќе му ја отворам раната над окото, па ќе го убијам

Дионтеј Вајлдер со нетрпение го очекува реванш-мечот против Тајсон Фјури во борба за ВБЦ шампион во тешка категорија. Дуелот е закажан за 22 февруари во Лас Вегас. Овие двајца боксери досега никогаш во кариерата немале пораз, а еднаш веќе боксуваа меѓу себе и дуелот заврши нерешено.

Сега Вајлдер вели дека е подготвен да го победи Фјури, а изјавите на 10 дена до почеток на мечот се дека ќе биде жесток дуел. Во првата борба, Вајлдер успеа двапати да го бутне Фјури на подот, но Британецот успеа да стане навреме. Американецот вели дека сега треба да ја заврши работата, и тоа на многу крвав начин.

„Чувствувам дека е нервозен поради тоа што во првата борба двапати се најде на подот. За него тоа беше многу стресно и сигурно не можел да спие. Знам дека е загрижен и дека самодовербата не му е на највисоко ниво поради тоа во каква состојба го заврши првиот меч. Му дадов потрес на мозокот и пак тоа ќе се случи“, вели Вајлдер, кој уште повеќе се закани.

„Фјури велеше дека ме победил, но ни самиот не верува во такво нешто. Ако веруваше дека е така, сигурно немаше да го менува тренерот и уште многу работи во пресрет на реваншот. Требаше да загуби и од Ото Валин поради посекотината над окото, но борбата не беше прекината. Се радувам затоа што повторно ќе му ја отворам таа рана над окото, а кога ќе му ја отворам и кога крвта ќе почне да му тече низ лицето, ќе тргнам да го убијам. Не се шегувам. Во првата борба го нокаутирав, но не ја завршив работата“, рече Вајлдер.

- Оглас -

Најнови вести