Вајлдер пак ќе се бори со Ортиз за ВБЦ титулата во тешка категорија

Светскиот првак во тешка категорија според ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер закажа реванш против Луис Ортиз. Бокс-спектаклот ќе се одржи во Лас Вегас на 23 октомври во „МГМ Гранд Гарден арената“, меч во кој Вајлдер ќе ја брани ВБЦ титулата која ја освои токму против Кубанецот во март минатата година.

Иако се очекуваше Американецот да се соочи со Тајсон Фјури, прилика за да ги одмери силите со Британецот најверојатно ќе добие дури во февруари 20202 година. Овој меч против Ортиз за Вајлдер ќе биде како загревање предвидената пресметка против Фјури, во кој ќе се обиде да ја одржи непоразителната форма.

Вајлдер во кариерата има 41 победа на 42 меча, од нив 40 ги доби со нокаут, додека издвои едно реми. Ортиз на вкупно 34 дуели оствари 31 победа, од нив со нокаут заврши дури 26, додека единствениот пораз му е токму од претстојниот противник.

 

- Оглас -

Најнови вести