Боксерскиот шампион во тешка категорија, Донте Вајлдер, откако виде снимка од инцидентот во кој Сеад Колашинац и Месут Озил беа нападнати од крадци со ножеви, го пофали Босанецот дека има одлични предиспозиции да биде успешен боксер.
Боксерот е воодушевен од работата со нозе на Колашинац, кој сам излезе на крај со тројца напаѓачи, додека Озил влезе во колата, за да ја заштити сопругата.
„Одлична работа со нозе, напред-назад. Штета што не видовме како замавнува кроше. Не знаеме каква му е техниката, но работата на нозете му е одлична. Мислам дека беше предвидлив, со тоа и ранлив, би требало да се работи со него, но има брзи нозе, добар е како за почеток“ – беше стручната анализа на 33-годишниот Вајлдер.