Џејкоб Вајли ќе биде еден од главните адути на македонската кошаркарска репрезентација утре на дуелот со Романија. Крилниот центар истакна дека е среќен што пак ќе игра за националниот тим.
„Чест е да се биде дел од националниот тим на Македонија и да се игра со вакви момци. Кога ми се јавија и ме повикаа да бидам дел од тимот, бев возбуден. Имаме млад тим, ние поискусните треба да бидеме лидери, очекувам да играме со енергија, интензитет, а не е важно кој колку поени ќе постигне“, изјави Вајли во пресрет на утрешниот меч.