Вајли конечно дочека деби за Македонија: Треба да веруваме во себе!

Натурализираниот македонски кошаркар Џејкоб Вајли вели дека е максимално подготвен за сето она што го носат наредните пет дена, кога по квалификациските средби, ќе стане јасно дали Македонија ќе биде дел од Евробаскетот во 2022 година.

„Ќе се бориме во секој натпревар да влеземе со верба во себе, со своите можности и во тимската работа. Имаме добра хемија во тимот. Мора да истакнам дека сум навистина импресиониран од младите момци, нивниот развој во однос на овие последни два месеци и од тоа што го гледам сега додека сме на тренинзите заедно. Што се однесува лично до мене, се трудам и настојувам да се ’пронајдам‘ себеси во оваа група играчи“, вели Вајли.

Крилниот центар смета дека шанси за победа секогаш постојат.

„Секојпат кога ќе стапнеш на теренот имаш шанса да победиш. Многу работи ќе зависат од нашата самодоверба, добрата игра треба да излезе од нашата самодоверба. Верувам дека имаме талент, ако веруваме еден во друг, можеме да победиме било кој тим“ – порачува Вајли пред денешната пресметка со Италија.

Според квотите во Sport Life, Италија е фаворит, основниот хендикеп за Македонија е поставен на 9,5 поени, што значи дека ако верувате дека нашите кошаркари ќе победат, заработката може да ви биде многукратна, а ќе имате добивка и ако погодите со колкава разлика Македонија евентуално ќе го загуби мечот. Тука се нудат неколку опции кои може да ги проверите на сајтот на Sport Life.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести