Холандските репрезентативци Џорџино Вајналдум и Френки де Јонг покажаа дека влегуваат во борба против расизмот, и тоа со гест кој ги воодушеви сите. Вајналдум погоди во петтата минута за 1:0 против Ерменија, а прославата беше уникатна. Вајналдум заедно со Де Јонг дојдоа пред камертата и на целиот свет му порачаа дека се за борба против расизмот.
Двајцата ги покажаа рацете и потенцираа дека боите на кожата треба да обединуваат.