Вајналдум и дефинитивно го одбра ПСЖ пред Барселона

Џорџињо Вајналдум, холандскиот репрезентативец кој ќе ѝ биде противник на Македонија на ЕП, во наредните 48 часа треба да го официјализира својот ангажман во ПСЖ. Досегашниот фудбалер на Ливерпул ја прифати двојно побогатата сума од Светците и ја остави Барселона на цедило, иако имаше вербален договор со каталонскиот гигант.

Вајналдум веќе го потпиша тригодишниот договор според кој ќе заработува фиксни 8,5 милиони евра по сезона, додека пак примањата може да достигнат сума од 10 милиони евра во одредени бонуси.

Веќе се закажани медицински прегледи, по што следува промоција на Вајналдум на „Паркот на принцовите“. Со самиот потпис, Вајналдум става крај на петгодишната авантура со Ливерпул, во која освои титули во Премиер лигата и ЛШ, а претходно настапуваше уште за Њукасл, ПСВ и Феенорд.

- Оглас -

Најнови вести