Вајналдум ќе изврши предавство?

Џорџинио Вајналдум зад себе остави сезона за заборав во дресот на ПСЖ и беше избран за најголемо трансфер промашувањењ во Лига 1. Холандскиот играч за врска не успеа да се наметне кај Маурисио Покетино, па клубот бара начин како да се ослободи од него и неговата голема плата.

Имено, Вајналдум може да изврши предавство и да ги налути навивачите на Ливерпул. Има опција да се пресели во редовите на Евертон, градскиот ривал на Црвените, што би донело голем гнев на црвената страна од Мерсисајд.

Станува збор за едногодишна позајмица, тренерот Лампард верува дека Вајналдум може да биде решение на Карамелите во средниот ред, па така да се врати на Островот по само една година пауза.

Инаку Вајналдум одигра вкупно 38 меча за Светците со учинок од три гола и исто толку асистенции, но запиша само 18 настапи во францускиот шампионат и не доби улога каква што очекуваше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести