12.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Вака изгледа хотелот во кој е сместена селекцијата на Нигерија во Мароко (Видео)

Дополнителниот турнир од африканските квалификации за пласман на Светското првенство 2026 ќе се одржи во Мароко, а репрезентацијата на Нигерија во полуфиналето ќе игра против Габон. Другата двојка ја сочинуваат Камерун и ДР Конго.

Репрезентацијата на Нигерија веќе пристигна во Мароко, а фудбалерот на Фулам, Алекс Ивоби, на социјалните мрежи објави видео од хотелот во којшто се сместени.

Победникот од турнирот во Мароко ќе обезбеди место во интерконтиненталните квалификациите кои ќе се одржат во САД.

- Оглас -

Најнови вести