Вака изгледа тенисот во ерата на коронавирусот, Хасан цел меч го одигра со маска

Тенисерот Бенжамин Хасан, се запиша во историјата на „белиот спорт“, како прв кој одиграл цел, додуша скратен натпревар со заштитна маска на лицето. Хасан кој е 355-ти на АТП листата, играше против Германецот Броска, а потоа и со Британецот Чоински на егзибициски турнир во Германија. Хасан претрпе порази на двата меча кои се играа со 4 освоени гејмови во секој сет, наместо стандардните 6.

Други тенисери носеа маски кога се појавија на терен, но пред да почне мечот, ги вадеа, само 25-годишниот Хасан играше маскиран. На турнирите кои се играат во моментов, нема деца кои ги собираат топчињата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести