Вака ќе биде и вечер во Далас: додека играчите се загреваат, грми песна од Тања Савиќ (Видео)

Далас маверикс и Феникс санс, вечерва од 21.30 часот ќе го одиграат четвртиот меч од нивната плејоф серија од полуфиналето на Западот. Гостите се благи фаворити на хартија, но така беше и пред третата средба која ја добија Лука Дончиќ и другарите.

Дончиќ пред мечевите се мотивира со српски песни, исто како и неговиот колега Бобан Марјановиќ.

Една снимка на која се гледа како синот на Деандре Ајтон од Феникс седи во скут кај Девин Букер, предизвика внимание во српските медиуми, а причината е што додека ова се случува на загревањето пред меч, во позадина од разгласот се слуша познат хит од Тања Савиќ.

https://twitter.com/i/status/1522749286659858433

- Оглас -

Најнови вести