Вака ќе изгледа култната спортска сала „Градски парк“ по завршување на реконструкцијата (Фото)

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски откри како треба да изгледа легендарната спортска сала „Градски парк“, по најавеното реновирање. Герасимовски се пофали и најави дека во Новата година салата ќе бие целосно реновирана и ќе блесне во полн сјај.

“Во Новата година го враќаме домот на македонската кошарка, го враќаме достоинството на нашите кошаркари. Минатата недела почнавме со реконструкција на првата фаза, кадешто ќе биде поставена нова фасада и кров, а исто така, ќе се реновираат и канцелариските простории во кои беа сместени спортските федерации. Активностите се одвиваат во полн ек, очекуваме веќе во месец март да започне реконструкцијата и на втората фаза”, потенцира Герасимовски.

Реновираната сала ќе биде според кошаркарските ФИБА стандарди, а таму треба да се врати да игра тимот на Работнички. Ќе има нови седишта, соблекувални, туш кабини, климатизација и подно греење. Се надеваме дека во реновираната сала ќе има и тоалети за посетителите кои недостасуваа во „старата“ сала Градски парк.

- Оглас -

Најнови вести