Галатасарај го победи Ризеспор со 3:2 во драматичен меч што се играше долго, а заврши со погодок на гостите во 101-вата минута, по акција што крена многу прашина во Турција.
Мбаје Дијањ немаше милост кон двајцата дефанзивци на Ризеспор и ги прагази како тенк, но се чини дека и направи фаул што не беше досуден, па потоа му асистираше на Морутан, кој ја погоди празната мрежа на домаќините во 11-тата минута од судиското продолжение.
https://twitter.com/sir_mancio/status/1444732543614525440?s=20
Контроверзна акција и гол што го реши победникот, а реакции има многу, особено од таборот на Ризеспор и на социјалните мрежи.
Галатасарај водеше со 1:0 со голот на Мостафа Мохамед во петтата минута, но тоа беше само почеток на возбудувањата на стадионот „Чајкур Диди“ во Ризе.
Домаќините и со головите на Похјанпало направија пресврт до 25-тата минута. Мохамед со нов гол израмни на 2:2 во 75-тата минута, па Кутлу беше исклучен кај Галатасарај, а Болдрин промаши пенал за Ризеспор.
Потоа имаше долго продолжение и во 101-вата минута следуваше контроверзниот комент и голот на Морутан, кој уште долго ќе се коментира.