Вака никој не го понижил каталонскиот тим, допатува во Барселона и кажа „Да“, па потоа потпиша за Тотенхем

Шпанскиот шампион Барселона доживеа големо понижување откако најголемиот талент на шведскиот фудбал, Лукас Бергвал, во последен момент го промени мислењето и потпиша за Тотенхем.

Младиот 18-годишен фудбалер пред два дена пристигна во Барселона и наводно им рекол дека ќе потпише за нив, следниот ден отпатувал во Лондон за да ја слушне понудата на Тотенхем и на крајот ја прифатил таа на премиерлигашот.

Иако Барселона и Ѓургарден се договорија за трансферот вреден седум милиони евра, Тотенхем понуди десет милиони и на каталонскиот тим му го украде големиот талент.
Големо влијание во одлуката на Бергвал имало и негово семејство, кое сметало дека во Тотенхем ќе има подобра шанса побрзо да напредува во кариерата поради големата конкуренција во Барселона.

Бергвал исто така добил гаранции дека од следната сезона ќе биде дел од првиот тим на Тотенхем, додека Барселона не му гарантирала дека ќе игра во првиот тим, туку прво ќе настапува за вториот тим на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести