Вака се оди во финале – Лех му пукна петарда на Аполон во Никозија (Видео)

Полски Лех Познањ е првиот финалист во последната квалификациска фаза за настап во Лигата на Европа, а до последниот филтер пред настап во реномираното натпреварување стигнаа со спектакуларна победа од 5:0 на гостински терен во Никозија против Аполон.

Гостите тргнаа во победнички поход со голот на Педро Тиба во 42-рата минута, а играчот со феноменален гол во 92-рата минута стави печат на убедливиот триумф на полскиот претставник.

Apollon – Lech Poznań 0:[5]- Pedro Tiba 91′ (great goal) from soccer

Во меѓувреме, погодија и Ишак, Камински и Сикора, па Лех ќе игра финален двомеч против победникот од дуелот меѓу Шарлроа и Партизан, што ќе се игра утре.

- Оглас -

Најнови вести