Хрватска на 10 октомври на „Пољуд“ во Сплит ќе игра против Унгарија во квалификациите за Европско првенство. Точно на пладне беа отворени благајните за купување билети, а навивачите веднаш формираа километарска редица. За Коцкестите ова ќе биде прв меч во Сплит по пауза од четири и пол години.
Послeден пат Хрватска во Сплит играше против Италија, кога се случи и инцидент со истакнување на нацистички симболи. Дуелот против Унгарија е еден од клучните за Коцкестите во походот да стигнат до завршницата на континенталниот собир.