Хрватите изградија култ кон играњето за репрезентацијата, затоа имаат успеси во повеќе екипни спортови, како фудбал, ватерполо, ракомет, а и во кошарката се борат за се вратат при врвот иако тоа не им успева.
Но, примерот со Марио Хезоња покажува колку си ја сакаат родната земја и ништо не ги попречува да играат за националниот тим.
Крилото на Реал Мадрид синоќа играше евролигашки меч против Баерн Минхен и потоа со приватен авион замина кон Загреб, каде што пристигна во 5 часот утрово, а вечерва треба да игра на мечот со Германија од квалификациите за Светското првенство.
И Македонија има кошаркар кој синоќа играше на мечот Реал – Баерн, тоа е Ненад Димитријевиќ, но Нено ќе го нема вечерва во Скопје на средбата со Луксембург.

