Лесил Тебого беше сензационален победник на трката на 200 метри на Летните олимписки игри во Париз и на Боцвана ѝ го донесе првиот златен олимписки медал во историјата. Дополнително, Тебого беше дел и од штафетата 4х400 метри, која стигна до сребрениот медал, веднаш зад САД.
Тоа беше причина за грандиозен пречек на Националниот стадион во Габороне, главниот град на Боцвана, на којшто имаше околу 30.000 навивачи, кои ги поздравија своите нови национални херои, а, пред сè, се однесува на Лесил Тебого.
BREAKING: Botswana filled their biggest stadium to welcome back sprinter Letsile Tebogo and their #Olympics team pic.twitter.com/wQSbSI7reZ
— Larry Madowo (@LarryMadowo) August 13, 2024