Хамбургер убедливо со 6:1 го победи Улм и на тој начин, на едно коло до крајот на второлигашкото друштво во Германија е сигурен дека ќе биде на една од првите две позиции на табелата. Хамбургер е лидер со 59 бодови, пред Келн со 58, а третиот Елверсберг има 55 бодови.
Тоа значи дека Хамбургер конечно од следната година се враќа во Бундеслигата. Седум години Хамбургер беше надвор од елитното друштво во Германија, за сега конечно навивачите на овој клуб вчера дочекаа да се израдуваат.
Само што заврши мечот, илајдници навивачи на Хамбургер втрчаа на теренот и започнаа големата фешта.
Glatzel: “Nie mehr 2. Liga.” pic.twitter.com/UsYYlM1dRV
— BILD Hamburger SV (@BILD_HSV) May 10, 2025
До 2018 година, Хамбургер беше единствениот тим во Германија кој никогаш немаше испаднато од Бундеслигата, за сега по седум години повторно да се врати меѓу најдобрите. Ова е клуб со голема историја, а во клупските витрини покрај шесте шампионски пехари во Германија и три во Купот, има и пехар од Купот на европските шампиони од сезоната 1982/83.
EP1C!
#nurderHSV #Aufstieg2025 pic.twitter.com/fdO4pkdYoZ
— HSV English (@HSV_English) May 10, 2025