Вака се станува шампион: Му пукна гумата, го замени велосипедот и победи!

Британецот Томас Питкок ќе се памти како еден од хероите на ЛОИ во Париз. Питкок ја одбрани титулата олимписки шампион во брдски велосипедизам и тоа на неверојатен начин.

На половина од трката, на Британецот му пукна гумата на велосипедот. Поради тоа мораше да го менува велосипедот, што на највисоко ниво од натпреварување најчесто значи и простување од освојување на висок пласман.

Сепак Питкок не се откажа и со шампионско возење, во последниот круг успеа да го помине и домашниот велосипедист Виктор Корецки и тоа со маневар кој потсетува на претекнувањето во Мото ГП шампионатот.

На крајот, Британецот стигна до златото, а домашните навивачи останаа разочарани затоа што нивниот миленик заврши како втор. Третото место го освои Алан Хартли од Јужна Африка.

- Оглас -

Најнови вести