Алберто Абалде беше расположен кога најмногу и требаше на Валенсија и со забивање во НБА стил ги разреши сите дилеми на мечот против Панатинаикос, за победа на „лилјаците“ од 94:87.
Тоа што изгледаше дека ќе биде само рутина за шпанскиот тим по три четвртини се претвори во драма, но сепак со хепиенд за Валенсија.
Домаќините водеа со 80:64, резултат со кој го почнаа последниот период, а потоа почна тешкото за нив. Панатинаикос стаса до негатива од само еден поен, 87:88, но тогаш на сцена стапи Абалде.
The play that essentially sealed victory for the home side!
the stage is yours @albertoabalde6 #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/unG04IPUDC
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) January 31, 2020
Успеа да постигне неколку поени по ред и со забивањето кое беше мошне атрактивно стави печат на победата на Валенсија. Вкупно постигна 9 поени, а најефикасен кај шпанскиот состав беше Дубљевиќ со 19 поени.
Двајцата најефикасни кошаркари на мечот ги имаше Панатинаикос, Калатес со 22 и Рајс со 21 поен, но задоцнија со финишот и останаа без бодови.