Вака слават шампионите: Иџе со факли и „поздравот“ на Ноле ја прослави европската титула (Видео)

Игор Стефановски-Иџе викендов дојде до европската шампионска титула на ридско-брзински патеки, која за него е трета, по оние во 2014 и 2015 година.

Титулата беше прославена на патеката „Бузет“ во Истра (Хрватска) заедно со неговите поддржувачи, кои ги имаше во голем број.

Многу македонски знамиња, факли и спуштена слушалка во стилот на Новак Ѓоковиќ можеше да се види на прослата, и тоа сосема заслужено ако се знае дека Игор Стефановски-Иџе оваа сезона победи на седум од десетте трки во европскиот шампионат и убедливо заврши на првата позиција со 204 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести