Вака тешко дека ќе го одбранат златото, српските ватерполисти се мачеа со Јапонија

Машката ватерполо репрезентација на Србија која беше олимписки шампион на претходните две ЛОИ во Рио 2016 и Токио 2021 година, неубедливо стартуваше на Игрите во Париз.

Србите ја победија борбената Јапонија со минимални 16-15. Херој во победата беше Душан Мандиќ, кој постигна 7 голови. Во последниот напад на Јапонија, Србите се одбранија со човек помалку, и беше спречено реми кое би било сензација. 

Во следното коло Србија ќе игра против Австралија, а потоа им следуваат пресметки и со Шпанија, Франција и Унгарија. Првите четири од групата одат понатаму во четвртфинале. 

- Оглас -

Најнови вести