Ваков бизрен црвен картон на еден голман немало досега (Видео)

На дуелот од третата француска лига меѓу Ле Пуја и Вилефранчеа беше виден еден од најбизарните црвени картони, а го доби голманот на домашниот тим.

Беше досуден пенал за гостите кога голманот Јан Мариљат почна да скока и да ја удира пречката од голот. Целиот гол повеќе од 15-тина секунди се тресеше, па главниот судија реши усно да го опомене голманот дека треба да биде мирен и да не ја тресе целата конструкција од голот.

Само што се сврте судијата и се одалечи, голманот повторно почна да удира во пречката, па судијата реши да реагира. Му покажа жолт картон на голманот, за кого ова беше втора јавна опомена и автоматски значеше црвен картон.

 

- Оглас -

Најнови вести