Реал Мадрид изненадувачки загуби на гостувањето кај Лил во второто коло од Лигата на шампионите и прекина неколку низи. Ова е прв пораз за нив по 37 меча во сите натпреварувања, првпат загуби и на гости по 26 меча, а ја прекина и низата од 14 средби без пораз во Лигата на шампионите.
Освен поразот на Кралскиот клуб, што е неочекуван исход од гостувањето во Франција, синоќа во Лигата на шампионите поразени беа и останатите две шпански екипи кои настапија.
Атлетико Мадрид беше прегазен на гостувањето кај Бенфика и загуби убедливо со 4:0, а дебитантот во ЛШ, екипата на Жирона, пред своите навивачи загуби со 2:3 од Феенорд. На овој меч, пенал за Жирона промаши македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Трите порази на шпанските екипи во иста вечер во Лигата на шампионите се историски најлош ден затоа што никогаш претходно не се случило три шпански екипи да загубат во ист ден во елитното натпреварување на УЕФА.
3 – This is the first time in @ChampionsLeague history with three Spanish sides losing their game in a single day (Girona, Atlético de Madrid and Real Madrid). Weakness. pic.twitter.com/3J6FbYhaAY
— OptaJose (@OptaJose) October 2, 2024