Пикадото го нема како спорт кај нас, но на Велика Британија огромен е интересот кога се играат големите турнири. Во тек е Светското првенство во пикадо, а еден меч привлече посебно внимание.
Влил Борланд од Шкотска го победи ривалот од Англија и тоа на неверојатен начин. Беше 2:2 во сетови и 2:2 во легови, па одлучуваше само еден момент за тоа кој ќе победи. Во решавачките удари, Борланд одигра без грешка и со минимални девет стрелки успеа да ги анулира потребните 501 поени.
Во првото фрлање погоди три тројки 20-ки (180 поени), а потоа во второто фрлање имаше две тројни 20-ки и една тројна 19-ка (177 поени), за да му останат 144 поени во третиот круг. Иако се работеше за победа на мечот, Борланд со мирна рака погоди две тројни 20-ки и една двојна 12-ка за дерлирум на трибините.
https://twitter.com/i/status/1471957843544735751
Во Sport Life одлична е понудата и за обложување на пикадо мечевите, а викендов има голем број на интересни мечеви.