Златан Ибрахимовиќ е феномен каков што не постои во моментов на фудбалската планета, а и денеска покажа зошто го рангираат во врвот најдобри играчи на сите времиња.
Постигна гол за победа на Милан против Удинезе и тоа на многу атрактивен начин со ножички и имаше асистенција при водечкиот гол во триумфот од 2:1.
Интересно е што во септември мораше да отсуствува од четири меча на Росонерите поради позитивен тест на Ковид-19, но и тоа не беше пречка да се врати на терените и да доминира на 39-годишна возраст.
Постигна по два гола против Болоња, Интер и Рома, а и денеска се запиша во листата на стрелците и води во Калчото со 7 погодоци.
Со него во составот Милан е непобедлив и има серија без пораз што трае од 8. март, кога ги порази Џенова, најмногу благодарение на голот на Горан Пандев.