Гордиот Албион наведна глава – Ваков фудбалски срам Англија не видела од 1928 година (Видео+Фото)

Англија доживеа невиден срам на свој терен, на „Молињу“ во Вулверхемптон, и по цели 94 години загуби со четири гола разлика.

Гордиот Албион наведна глава пред извонредните Унгарци, кои одиграа маестрално и победија со неверојатни 4:0.

Претходниот пораз на Англичаните со четири или повеќе разлика на домашен терен е од 1928 година, кога ги победија соседите, Шкотите со 5:1.

Унгарија поведе во 16-тата минута со голот на Роланд Салаи, а потопот се случи во последните 20-тина минути.

Повторно Салаи беше прецизен во 70-тата минута, а по него мрежата на немоќниот Арон Рамсдејл ја тресеа и Наѓи и Газдаг.

Унгарците по четири кола се први во третата група од Сегментот А со 7 бода, пред Германија со шест, Италија со пет и Англија со два бода, како главен кандидат за испаѓање од најсилниот сегмент во Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести