Најлудиот гол на досегашниот тек од Светското првенство во ракомет за жени го постигна репрезентацијата на Србија, и тоа во мечот кој нашите северни сосетки го загубија на убедлив начин од Холандија. Лалињата победија со 36-23, но во првото полувреме Србија даде гол кој ќе се памети.
Голманката Тес Вестер го одбрани шутот, топката отиде високо горе, Вестер се радуваше, но поради гравитацијата, топката падна, и тоа во голот на Холанѓанките.
https://twitter.com/i/status/1202551601086357505