Ваков гол не се пропушта – „Пушкаш“ е подготвен да пристигне во колекцијата на Златко (Видео)

Салцбург го декласираше Рапид во големото дерби на Австрија и по триумфот од 7:2 е многу блиску до нова шампионска круна.

Гостите царуваа на „Алијанц“ во Виена, а голот што го постигна Златко Јунузовиќ во 65-тата минута е за фудбалски сладокусци и сериозен конкурент за наградата „Пушкаш“ што се доделува за најубавиот погодок на сезоната.

Репрезентативецот на Австрија погоди страшно атрактивен волеј од 18 метри откосо, а топката од гредата заврши зад грбот на голманот Кнофлах.

Rapid Wien 1-[6] Red Bull Salzburg – Junuzovic 65′ great goal from soccer

На три кола до крајот на плејофот во Типико Бундеслигата, Салцбург има осум бода повеќе од ЛАСК и девет од Рапид, па титулата е веќе во витрините на популарните Бикови.

- Оглас -

Најнови вести