Наполи беше шокиран пред своите навивачи откако загуби од Комо во четвртфиналето на Купот на Италија. Актуелниот италијански првак беше голем фаворит за место во полуфиналето, но по 90 минути резултатот беше 1:1, па победникот мораше да се реши по изведување пенали.
Во пенал-рулетот, по стандардните пет серии беше 4:4, а во петтата серија прецизен беше Елиф Елмас.
Драмата продолжи, а потоа следуваше и погодокот на голманот на Наполи, Вања Миленковиќ-Савиќ. Репрезентативниот чувар на Наполи шутираше силно, и тоа директно во пречката. Топката се одби во раката на голманот, удри надвор од гол-линијата, но доби необично движење и се врати во голот, затресувајќи ја мрежата.
Наполи имаше среќа во таа ситуација, но на крајот Комо сепак беше подобар во пенал-рулетот и гостите победија со 7:6.

