Ваков хаос во женскиот фудбал не е виден досега, мечот беше прекинат (Видео)

Натпреварите од Лејдис купот кој се играше во Бразил требаше да донесе дополнителна промоција на женскиот фудбал во Јужна Америка, но наместо тоа, на еден меч се случи хаос.

На теренот беа фудбалерките на бразилски Гремио и аргентински Ривер плата, а неочекуваниот хаос започна по израмнувачкиот погодок на Гремио. Поради протести и физички напад на противнички играч беше исклучена Кангаро.

Сепак, наместо да се смират страстите, потоа започна лудилото. Организаторите сметале дека Лејдис купот ќе биде мирољубив, па воопшто не ангажирале редарска служба, а немаше ни полиција. Тоа им даде дополнителна сила на фудбалерките на Ривер плата кои прво се караа со судиите, а потоа се нафрлија и на едно момче кои беше задолжено да ги додава топките.

Момчето им се спротистави на фудбалерките на Ривер, па малку фалеше да има и физичка пресметка. Кога заврши целиот неред, судијата исклучи вкупно шест фудбалерки на Ривер плејт и во тој момент мечот автоматски заврши.

На теренот беше забележан и момент на расизам, кога една од гостинските фудбалерки навредуваше црномуреста фудбалерка на Гремио со гестикулации како мајмун.

По мечот, стигна известување со жалење за инцидентот и прекинот.

„Ривер плата изразува апсолутно жалење поради дискриминаторното однесување во текот на мечот против Гремио. Од клубот веќе се преземени соодветни дисциплински мерки и ќе продолжиме да работиме на искоренување на овој вид на понижување“, стои во соопштението на аргентинскиот клуб.

Од Гремио решија да објаснат зошто се случи целиот хаос.

„Јавно изразуваме жалење поради тоа што се случи на мечот со Ривер плата. По нашиот израмнувачки гол, нашите фудбалерки реагираа кај судиите бидејќи гостинките постојано упатуваа навреди кон момчето кое ги собираше топките. Одлучија да застанат во негова одбрана, но потоа и тие станаа цел на расистички напади. На крајот, мечот заврши откако шест фудбалерки на Ривер добија црвен картон. Длабоко жалиме за инцидентот, но цврсто стоиме зад момчето и нашите фудбалеркикои беа нападнати на неприфатлив начин. Целиот настан е пријавен во полиција и ќе бараме соодветни казни“, се вели во соопштението од Гремио.

- Оглас -

Најнови вести