Каков карамбол и каков луд меч – Што досуди Чакир и зошто е поништен турскиот еврогол (Видео)

Неверојатен меч во турското првенство одиграа Генчербирлиги и Кајзериспор што заврши со 3:2 за домаќините и со дури шест поништени голови, по три на двете страни.

Имаше и два автогола, по еден на двете страни и еден невиден карамбол и поништен гол за Кајзериспор, за кој се уште не е јасно зошто Џунејт Чакир не го призна.

Во финишот на првото полувреме, при резултат 1:1, Кампањаро ја заврши долгата акција на Кајзериспор со топовски удар, кој се одби од пречката и заврши зад гол-линијата, а потоа по инерција топката излезе надвор.

Познатиот судија Џунејт Чакир прво го призна погодокот, но потоа го поништи, а причината сè уште е непозната. На гол-линијата лежеше домашен играч, кој се повреди во претходниот обид на истата акција да спаси гол, па удри во стативата, но Чакир не даде знак играта да биде прекината.

Топката со целиот обем беше во голот, па се чини немаше причина голот да не биде признат. Претходно имаше вистинска драма во истата акција, а домаќините двапати спасуваа водечки погодок во финишот на првото полувреме за Кајзериспор од самата гол-линија.

Акција каква што оддамна немало со еврогол на Кампањаро, што, за жал, Чакир го поништи.

Погледнете го поништениот гол на Кампањаро во финишот на првото полувреме.

Turkish Super League got interesting today from soccer

- Оглас -

Најнови вести