Со крвнички старт го крена противникот во воздух, судијата си преспа и му покажа само жолт картон (Видео)

Жешко беше во финишот на првото осминафинале во Лигата на шампионите во КОНКАКАФ зоната, а дуелот во Сан Хозе, во Костарика, меѓу Депортиво Саприса и Филаделфија унион заврши со инцидент.

Гостите од САД победија со 1:0, а нивниот играч Кај Вагнер долго ќе го памети бруталниот старт на Рикардо Бланко. Десниот бек на Саприса грубо стартуваше во дуелот со Вагнер и буквално го преврте на теренот, а, за среќа, левиот бек на Филаделфија мина без повреда.

Потоа имаше инцидент меѓу играчите на двете екипи, а судијата покажуваше само жолти картони. Најпрво на Бланко за крвничкиот старт што сигурно требаше да мине со исклучување, а потоа за уште четворица фудбалери, по двајца од двете екипи.

 

Филаделдфија е поблиску до четвртфиналето во Лигата на шампионите во зоната на Средна и Северна Америка бидејќи има предност од 1:0 и реваншот ќе го игра на свој терен на 15 април.

 

- Оглас -

Најнови вести