Со осумте одиграни меча синоќа, се комплетира групната фаза во Лигата на шампионите. Токму синоќешните дуели донесоа еден од најневеројатните тикети уплатени во Sport Life. Еден обложувач се пофали на социјалните мрежи дека успеал да погоди шест ТОЧНИ РЕЗУЛТАТИ.
Одиграно му е систем четири од осум, односно да има барем четири погодени за да има добивка, а тој успеал да погоди дури шест. Токму затоа, со влог од само 70 денари, сега е побогат за речиси 200.000 денари.
На тикетот погодено е дека Копенхаген – Борусија Дортмунд ќе заврши нерешено 1:1, дека Милан убедливо со 4:0 ќе го победи Салцбург, како и тоа дека Манчестер сити со 3:1 ќе биде подобар од Севилја. Обложувачот како да знаел дека Челзи нема да помине лесно против Динамо Загреб, па погоден е и резултатот 2:1 на крај.
Два точни резултати се погодени на полувреме. Одиграл дека Јувентус и ПСЖ ќе играат 1:1 по првите 45 минути, како и тоа дека Реал Мадрид со 2:0 ќе води против Селтик. Интересно е дека Селтик во првиот дел промаши пенал.
Од сите осум меча, единствено промашени се дуелите Макаби Хаифа – Бенфика, кој гостите го добија убедливо со 6:1, а прогнозата на обложувачот била 2:0 за гостите, како и дуелот Шахтар – Лајпциг, на кој прогнозата била 3:1 за гостите, а Германците славеа убедливо со 4:0.