Велат како ќе ги тргне понеделникот, така ќе биде цела недела. Ако се гледа по тоа, тогаш еден обложувач од Гостивар ќе ја има најсреќната недела. Тој вчера во Sport Life уплатил тикет со минимални 20 денари на кои има осум натпревари и сите се одиграни дека ќе завршат нерешено.
На крајот, нереалното ливче се претвори во добитно, па со само 20 вложени денари, добивката е 154.066 денари. Вкупниот погоден коефициент е неверојатен и изнесува 9.062.
Погодени се нерешените резултати на Рајо – Валенсија 1:1, Цитадела – Бреша 1:1, Брага (Б) – Трофенсе 1:1, Мотор Лублин – Легија 1:1, Белгија (Ж) – Финска (Ж) 1:1, Хапоел Хадера – Хапоел Шалем 1:1, Пирин – Јантра 2:2, Харис Ел – Исмаили 1:1.


