Ваков Милан долго чекаа навивачите – Разбиена е Болоња со 5:1 на патот кон Европа Лигата (Видео)

Милан конечно игра во континуитет по нотите на навивачите и успешно ги гази противниците. На „Сан Сиро“ во нов ефикасен меч Росонерите ја декласираа Болоња со 5:1, во меч со шест различни стрелци.

Деби гол во дресот со црвено-црни бои постигна Белгиецот Алексис Салемакерс и со неговиот погодок во десеттата минута Милан поведе со 1:0.

https://twitter.com/LaligaPL009/status/1284578201516363776?s=20

Хакан Чалханоглу во 24. минута ја искористи грешката на гостинскиот голман Скорупски и лесно погоди за 2:0.

Гостите од Болоња постигнаа само еден гол на мечот, но тоа беше и најубавиот момент. Јапонецот Такехиро Томијасу во финишот на првото полувреме постигна еврогол и намали на 2:1, но тоа беше и се од избраниците на Синиша Михајловиќ.

Бенасер на почетокот на продолжението веднаш ги згасна надежите на Болоња за евентуален пресврт, а за 3:1 во 49. минута му асистираше Чалханоглу.

https://twitter.com/1xSoccer/status/1284593688073637888?s=20

Одличната форма со нов гол, петти во пост-корона ерата ја потврди Анте Ребиќ во 57. минута, а во листата на стрелците по две години пауза се запиша и Калабрија за конечни 5:1.

Милан игра ултра-ефикасно по рестартот на сезоната во Серија А и на 8 меча постигна дури 25 голови. На претходните 26 натпревари пред прекинот поради пандемијата со Коронавирус Росонерите дадоа само три гола повеќе, или вкупно досега имаат 53.

Милан со триумфот вечерва стаса на посакуваната шеста позиција која води во Европа Лигата. Росонерите на четири кола до крајот имаат 56 бода, три повеќе од Наполи, кој има загарантирано учество во еврокуповите, бидејќи го освои пехарот во купот.

Болоња со поразот се прости од надежите за настап во Европа лигата и остана на 10. место со 43 бода.

- Оглас -

Најнови вести