НБА за време на католичкиот Божиќ, во земјите во кои се слави овој празник, најчесто спортистите одмораат. Сепак, во НБА-лигата Божиќ е посебен ден за спектакл и пет мечеви.
Возбудувањата ќе започнат во 18 часот со дуелот меѓу Њујорк и Кливленд, а се очекува домаќините да се радуваат на триумф. Огромни фаворити за победа на домашен терен се и Оклахома и Голден стејт, а голем предизвик ќе има Денвер, кој ја пречекува екипата на Минесота.
Од петте меча, единствено Хјустон е во улога на гостински фаворит, и тоа на теренот кај Лос Анџелес лејкерс.

На петте меча треба да се појават голем број ѕвезди, од кои се очекува да направат шоу. Во понудата за „плус-минус“ поени, Лука Дончиќ е на границата од 33,5 поени, а Леброн Џејмс е на 20,5. За Ентони Едвардс од Минесота границата е на 30,5 поени, исто како и за Мичел Донован од Кливленд.
Шеј Александер ќе биде во плус ако надмине 32,5 поени, Стеф Кари е на 28,5 поени, а Кевин Дурант е на 25,5 поени. Над 30,5 поени треба да постигне Никола Јокиќ за да биде во „плус“.
Интересно е да се знае дека рекордот на бројот на постигнати поени на меч одигран за време на католичкиот Божиќ го држи Бернард Кинг, кој во далечната 1984 година, во дресот на Њујорк никс постигна 60 поени на божиќната пресметка.


