Ваков нокаут ретко се гледа и на бокс меч (Видео)

Мечот меѓу уругвајските клубови Пајсанд Интериор и Соријано Капитал стана светски интересен, но не поради единствениот гол со кој домаќините победија, туку поради една лоша работа.

Фудбалерот Марио Гонзалес е во фокусот поради насилното однесување на теренот. Пред крајот на мечот, Гонзалес влезе во конфликт со неколку противнички играчи, кога во еден момент реши да ги покаже боксерските вештини.

Гонзалес го нокаутираа Енцо Ечевесте, а потоа веднаш доби црвен картон за овој неспортски потег.

„Да заборавиме на тоа што се случи. Сè е во ред. Мора да се фокусираме на следниот натпревар. Ова ќе го оставиме зад нас. Им благодарам на сите кои беа загрижени и ми упатија пораки. Добро сум“, по мечот изјави „патосираниот“ Енцо.

- Оглас -

Најнови вести