Ваков нокаутер немало од времето на Тајсон, сите победи му се со нокаут во прва рунда (Видео)

Боксерот Едгар Берланга е чудо во рингот, досега ги има добиено сите 16 борби во суперсредна категорија, и тоа со нокаути во првата рунда. Берланга има 23 години и велат дека има страшен удар, но и дека досега немал некои сериозни ривали. Како и да е, 16 победи, сите во нокаут во прва рунда, со што потсетува на Мајк Тајсон од неговите почетоци на големата сцена кога стана голема ѕвезда и најмлад шампион.

Берланга, кој е Американец со потекло од Порторико, веќе боксувал во големи сали како „МГМ арената“ во Лас Вегас и „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.

„Тајната е едноставна: напорна работа, дисциплина и посветеност. Имав силен удар, но како аматер не знаев како да го искористам. Го немав тој убиствен инстинкт кој го имам сега. Сега сум позрел и имам поинакво размислување. Сега сум убиец, сите големи борци го имаа тоа во себе“, вели Берланга.

Погледнете ги најатрактивните пет нокаути на Берланга:

- Оглас -

Најнови вести