Ваков пекол нема никаде: Пука како на бојно поле, ласери на сите страни, ги гаѓаа со огномет и едвај жива глава спасија (Видео)

Дуелот меѓу Захо и Ал Кахраба во првенството на Ирак ќе се памти по пеколот кој го создадоа домаќните навивачи, а на крајот сепак победија гостите. Се играше пред 25.000 воинствено настроени гледачи кои создадоа атмосфера каква што можеби немало никаде на светот.

Домашните фанови во текот на целиот меч светеа со стотици ласери во очите на противничкито голман, фрлаа петарди и други предмети, па на кратко средбата беше и сопрена откако со запалка беше погоден голманот во глава. Сепак, мечот продолжи, а тоа како да беше мотив за гостите да дадат гол.

Во 77 минута Мостафа Ала даде гол за водство на Ал Кахраба, а потоа го соблече дресот и го покажа кон противничките навивачи. Тогаш од трибините почнаа кон теренот да гаѓаат дури и со огномет, но за среќа никој не беше повреден.

Ал Кахраба победи со 1:0, а веднаш по завршување на дуелот, стотици домашни навивачи втрчаа на теренот, а гостинските фудбалери брзо избегаа во соблекувалната и едвај спасија жива глава.

Двете екипи се на средината од табелата и се сигурни од испаѓање, но не може ниту да се борат за горниот дел од табелта. Поради овие нереди од трибините, фудбалската федерација на Ирак го казни домаќинот со околу 6.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести