Тешката повреда на Луис Суарес го натера шпанскиот првак да се активира на трансфер-пазарот. Барселона мора да доведе квалитетен напаѓач за вториот дел од сезоната бидејќи Уругваецот ќе биде во аут во следните четири месеци по операцијата на менискусот.
Ваков потег се очекуваше од оперативците на Барселона, а и можеше да се претпостави по чиј потпис ќе тргнат. Главна цел на Каталонците е одличниот Лаутаро Мартинес од Интер, кој има клаузула од 111 милиони евра. Таа клаузула ќе биде активирана, известуваат одредени шпански медиуми.
Лаутаро моментално е еден од клучните играчи на Нераѕуите, а и самиот Суарес го назначи Аргентинецот како негов иден наследник во шпицот на Барселона. Мартинес на вкупно 24 натпревари постигна 15 гола и по Лукаку е втор најдобар стрелец во редовите на Интер.