4.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Ваков пречек немал ниеден тренер: Жељко Обрадовиќ е бог за навивачите на Партизан (Видео)

Жељко Обрадовиќ доби третман каков што никој тренер досега не го имал во ниту еден спорт.

Кога илјадници луѓе се спремни да ве дочекаат на аеродромот, тогаш сфаќате дека сте поголеми од многу нешта во животот.

Токму така, за многу навивачи на Партизан, всушност за мнозинството од нив, Жељко Обрадовиќ е поголем од животот! Тие тргнаа во мисија сите да го пречекаат на аеродром за да се обидат да го премислат и тој да остане на клупата на КК Партизан.

Како изгледаше неговото појавување на аеродромот и какви неверојатни сцени следеа, само делумно може да се види од видеата. Ова навистина е неповторливо.

- Оглас -

Најнови вести