Ваков пресврт не е виден досега, на 140 секунди до крај губеа со 16 поени, но на крајот станаа шампиони (Видео)

Кошаркарскиот клуб Лајден е шампион на Холандија откако во петтиот меч од финалната серија, на неверојатен начин, со епски пресврт, го совладаа Донар со 82:81.

Лајден на 140 секунди до крајот Лајден губеше со 61:77, но успеа да направи пресврт. Прво со серија од 19:4 дојдоа со 80:81, и на три стотинки до крајот на мечот, Томас Рутерфорд беше фаулиран при обидот за шут.

Американецот ги реализира двете слободни фрлања и го комплетира неверојатниот пресврт на Лајден со кој ја освои титулата во холандскиот шампионат, која е петта во клупската историја.

 

- Оглас -

Најнови вести