5.8 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Ваков просек на дадени голови во Англија немало речиси 90 години

Тотенхем го победи Манчестер јунајтед со 7:2, а Астон вила го понижи Ливерпул со 7:2 во двата последни меча кои се играа синоќа во Премиер лигата. Овие два резултати придонесоа да се испишат многу нови рекорди во англиското првенство.

Ливерпул ваков дебакл не памти повеќе од половина век, ваков пораз на шампион во Англија немало речиси 70 години, а интересно е и тоа што ваква голеада на стартот на англиското првенство не се случила речиси 90 години. По некомплетно одиграни четири кола, односно на 38 натпревари во новата сезона, вкупно беа постигнати 144 погодоци.

Просекот на бројот на постигнати голови по меч е 3,79, најголем во последните 89 години. Во најсилната англиска лига поголем просек на голови по меч немало уште од сезоната 1930/31, кога биле постигнати 3,95 погодоци во просек на натпревар.

 

- Оглас -

Најнови вести